На граничниот премин „Богородица“ уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд.
Од дежурната гранична служба изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес“ и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.
И на другата страна од границата состојбата е речиси иста.
Гужва и километарска колона има и на граничнит премин на Дојран.Колоната на возила е до хотелите на изрелот на стар Дојран.