• Mon. Nov 25th, 2024

Грција ја укинува мерката за задолжителен тест за влез во земјата

By

Feb 6, 2022

Грција ќе ја укине мерката, воведена на 19 декември 2021, за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата. Согласно новата одлука, вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат, од утре во Грција ќе патуваат слободно, без да биде потребно дополнително да се тестираат, додека пак за останатите, задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест.  Како што истакна Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во 6 часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид-тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се или не се вакцинирани.

извор:https://www.ohridnews.com/grci-a-a-ukinuva-merkata-za-zadolzhitelen-test-za-vlez-vo-zem-ata/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *