Граѓанските организации од Струмица кои немаат свои простории за работа ќе добијат на користење општински. Реконструираниот дел од старата касарна со пари од бугарската Влада општината реши да им ја отстапи на организациите кои ќе работат во интерес на струмичани.
Дваесетина граѓански организации ќе добијат општински простории за работа. Имено, по добивањето на просториите на поранешната касарна во владение на општините, о. Струмица реши дел од истите да реновира и да ги додели на организациите кои ќе имаат за цел да работат во интерес на граѓаните.
Просториите во реконструираниот дел се комплетно опремени, невладините нема да плаќаат наем ама режимските трошоци ќе ги подмируваат сами.
Во овој објект веќе се сместени стопански субјекти, а беше стационирана и регионалната телевизија Вис која целосно изгоре во пожарот од пред 5 месеци.