Се окрупнува граѓанската иницијатива Спас на Валандово која е против отварање на рударскиот комплекс Казандол. Во неа се вклучија сите граѓански здруженија кои сметат дека рудници не се потребни во нивната општина а резултатите од референдумите треба да ги почитуваат одговорните инситуции во државата.
Подршка добија од здруженија на органски производители, лозари, сточари,младински организации, земјоделци. За нив референдумот закажан на 20 август е историски ден во кој самите валандовчани ќе кажаат дали сакаат тешкo загадувачка индустрија или чиста еколошка средина
Органските производители од Валандово се плашаат дека ке ги загубат сертификатите за кои се трудела со години да докажат на пазарите дека имаат органски јаболка, смокви, калинки. Гласот го кренаа и сточарите кои се плашат дека пасишта ке бидат уништени и ке се десеткува сточниот фонд.