• Sun. Nov 24th, 2024

Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите

Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластување за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, истекува до јуни наредната година.

„Сите граѓани кои што поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барања за замена на тие дозволи до наведениот рок односно до 04.06.2023 година“, соопштува МВР. 

МВР информира дека кон барањето за замена на дозволата, потребно е да се приложи старата дозвола за оружје, а оружјето што ќе биде предмет на пререгистрација, да се донесе на увид.

Граѓаните своите барањата за замена на старите дозволи, потребно е да ги поднесуваат во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи според местото на живеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *