• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓаните сместени во хотелот во Банско се во државен карантин – никого нема да заболат

Граѓаните кои од аеродромот во Скопје вечерва беа донесени во хотелот Цар Самоил во Банско ќе бидат во државен карантин. Тие ќе бидат сместени таму околу 14 денови и немаат право да ги напуштаат собите, што значи неосновани се сите паники и ширењето говор на омраза на социјалните мрежи против нив.  Покрај тоа, карантинот е превентивна мерка, не значи дека тие се носители на вирусот. 

Во автобусите имаше и мали деца, а сите патници беа уморни и загрижени. Оние со кои успеавме да проговориме рекоа дека биле тргнати од пет часот наутро и дека целото патување било напорно поради псоебните услови на аеродромите. Од аеродромот во Скопје до Банско возеле без застанување. Возачот ги известил дека има наредба да не се застанува. Возачите беа заштитени со заштитни скафандери, а нивната кабина беше со најлонски ќеси и фолија одделена од останатиот дел каде што се патниците. 

Пред пристигнувањето на автобусите на социјалните мрежи се појавија голем број коментари со осуда, говор на омраз на повик на линч. Канал ВИС не само што ги брише таквите коментари, туку и ги осудува, а оние што ќе продолжат да коментираат недолично ќе бидат блокирани и пријавени во МВР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *