• Sun. Nov 24th, 2024

Граѓаните да не создаваат диви депонии апел од Комуналец

komunalecКомуналец деновиве започна со есенско расчистување на дивите депонии во градот и населените места. Но она што го истакнуваат од ова јавно претпријатие е дека по неколку денови од чистењето повторно на ваквите места никнуваат депониии. Затоа остануваат апелите до граѓаните да внимаваат каде го фрлаат отпадот.Дека граѓаните допринесуваат во создавањето на депониите е случајот со улицата Ѓорги Василев каде неколку пати вработените во Комуналец го острануваат отпадот но за брзо време се создава нов.Во изминативе неколку дена екипи на Комуналец ја чистат дивата депонија кај населенето место Водоча и генерално чистење во Вељуса и Просениково. Во наредните денови треба да бидат опофатени сите населени места во Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *