• Sat. Nov 23rd, 2024

Граѓаните внимаваат на исхраната, но финансиите им се проблем

Струмичани знаат дека храната е важен предуслов за здравјето. Велат дека внимавата колку пшто можат, односно колку што им дозволува домашниот буџет. Поздраво, посилно, посвежо се чувствуваат кога конзумираат здрава храна, рекоа струмичани кои ги затекнавме низ центарот од градот.

Скоро се едногласни дека квалитетот на денепната храна е послаб во односн на минатото. Кога станува збор за градинарското производство и воопшто за земјоделството, сметаат дека продуктите се полни со пестициди и вештачки губрива.

Последните научни истражувања ја поврзуваат неправилната и небалансирана исхрана во корелација со појава на болести меѓу кои срцевите заболувања, но и ракот. Во поново време, освен традиционалната и класична медицина и терапија, лекарите препшишуваат и диети и посебен вид исхрана кој треба да го зајакне имунитетот и да го заштити здравјето.

Според, експертите, само комбинацијата од лекарства и правилен и здрав начин на живот и исхрана може повеќекратно да ги зголеми шансите за добро здравје. Секако тука не смее да се заборави и физичката активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *