Екипата на Граничар од Ново коњарево е победник на третото издание на меморијалниот турнир во одбојка ,,Елвис и Ристе,, што се одржува во Злеово општина Радовиш. Во конкуренција на 10 тина екипи, одбојкарите од Ново Коњарево ги совладаат ветераните од Сушево со 3:0 во сетови. Третото место на овој турир во машка конкуренција им припадна на домакините екипата на Елвис и Ристе кои во малото финале славеа над екипата Васил од Нова маала со 3:1 во сетови. Турнирот траеше десетина дена на повеќенаменското игралиште во Злеово и жителите од ова населено место познато по одбојкарски таленти уживаа во квалитетни и неизвесни одбојкарски натпревари. Меморијалниот турнир и годинава е под покровителство на општина Радовиш и градоначалникот Сашко Николов. Вечерва на програмата се женските завршни дуели од турнирот а во големото финале се среќаваат екипите на Македонија Макс и Партизан и двете од Струмица