• Sat. Nov 23rd, 2024

Градските улици и синоќа преполни со народ.5ти ден протестираа и бараа повлекување на одлуката на Претседателот Иванов за аболиција, но бараат и повлекување на одлуката за избори на 5 ти Јуни.

Струмичани и синоќа на протест.Петти ден излегоа на улица и кренаа глас против одлуката на претседателот Иванов за аболиција , како и против избори на 5ти Јуни.Велат дека секојдневно ќе се на улица се додека не се променат нештата.Гласни и се побројни се низ градските улици,сметаат дека политичката криза мора да се разреши и дојдат подобри времиња за сите.

Уште погласно и похрабро од изминатите четири дена скандираа и ги повикуваа политичарите кои беа помилувани и бараа од нив да ги вратат парите и да си дадат оставки.

Протестите на струмичани како што велат и самите нема да застанат.И вечерва се очекува масовност на протестите низ централното градско јадро.Истите како во изминатиов период така и вечерва се организираат од граѓански здруженија , а поддржани од граѓаните од микрорегионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *