Вчерашното невреме проследено со силен ветар и град во големина на лешник ги сотре посевите во Негорци гевгелиско. Денеска на терен излезе и градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков
,,Денес извршивме увид на состојбата во Негорци после вчерашното невреме. Градот и силните ветрови предизвикаа значителна штета на земјоделското производство. Комисијата за проценка на штети денес излегува на терен за првично согледување на состојбата. Сите граѓани кои претрпеа штети од невремето можат да пријават штета до петок (27 јули) во општинските канцеларии во населените места или директно во Општината,, напиша Поцков на ФБ