Градоначалникот Јаневски доби вредни материјали посветени на Борис Трајковски. Општина Струмица имаше ретка можност да добие два комплета од по три аудио ЦД изданија посветени на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, материјал посветен на Претседателот, а емитуван на програмата на Македонското радио – Радио Скопје во Пладневниот радиовесник од 26 февруари 2004 (денот на загинувањето), 3 и 5 март истата година, како и специјалната емисија „Во спомен на Претседателот“ посветена на тригодишнината од смртта на Трајковски емитувана на26 февруари 2007 година.
Уредник и водител на емисиите е Свето Стаменов. Донацијата на овие вредни материјали е на г. Свето Стаменов, дипломиран политиколог, новинар, публицист, антологичар, афористичар, долгогодишен новинар – уредник во Македонското радио – Радио Скопје.Општина Струмица исто така прими донација од над седумдесетина вредни книги од библиотечниот фонд на Свето Стаменов и неговата сопруга Искра Чоловиќ, дел од нив се нивно авторко и коавторско дело. Книгите ги прими градоначалникот на општина Струмица г. Коста Јаневски.