• Fri. Nov 22nd, 2024

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов на Саемот за туризам во Белград

ByЃ. K.

Feb 23, 2024

Градоначалникот на Општина Дојран присуствуваше на Саемот за туризам во Белград, на панел-дискусијата за поефикасно искористување на сите богатства со кои располага целиот регион.

Тој се осврна на Општина Дојран како македонски бисер кој допрва ќе се открива од балканските и странските посетители и инвеститори. Голем број на тур оператори пројавија интерес за Дојран и тоа не само како дестинација за летната сезона туку и надвор од неа.

„Ме радува фактот што заинтересираноста за Дојран како туристичка дестинација е сѐ поголема, што се должи на интензивното вложување и инвестирање во општината“, порача Ангов.

By Ѓ. K.