Празна каса и долгови во висина од над 6 милиони евра наследил градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков кој на прес конференција соопшти дека општината е задолжена на сите страни . Денот кога ја превзедол општината на сметката имало само половина милион денари а на расходната страна долгови имало кон приватни фирми, кредитни задолжувања а почнале да пристигаат и тужби за неисплатени обврски
„На 25 октомври- денот кога ја презедов функцијата градоначалник- долгот на општина Гевгелија изнесуваше 4 милиони евра, а на сметката имаше само 550.000 денари. Општината во овој момент должи 125.567.000 денари кон приватните фирми, а очекуваме да пристигнат и нови фактури. По основ на кредитни задолжувања општината должи 2 милиони евра. Општината должи и над 3 и пол милиони денари и кон спортските клубови, културните друштва и здруженијата на граѓани на име одобрени средства за програмите од 2017 година. Деновиве падна и првата тужба од кошаркар од Кошаркарскиот клуб Кожув за неисплатени обврски за минатата сезона.Сево ова зборува колку е ситуацијата сериозна и алармантна.Да објаснам посликовито: општина Гевгелија должи два годишни основни буџети! Поради сево ова, општината ќе мора да заземе поинаков начин на управување со парите на граѓаните. Од сега па натаму ќе мора да се работи домаќински и одговорно затоа што ќе мора да го санираме долгот, но и да го одржиме тековното работење и да создадеме проекти и решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните.“кажа градоначалникот Поцков кој ќе бара ревизија како и каде се трошени парите на народот.