Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со делегација на владината организација на Турција во Македонија, „Тика”, предводена од координаторот Ајтекин Ајден, го посетија населеното место Казандол.
Како што јави Општина Валандово, целта на посетата беше констатирање на состојбите на подрачното училиште „Цветан Димов” и пронаоѓање на начин за нивно подобрување и осовременување.