Градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на пријателскиот натпревар Македонија – Ерменија кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“. Тој на својот фејсбук профил напиша:
- Ги бодревме нашите фудбалери и навивавме за Македонија! Дождот не нѐ попречи да им ја дадеме нашата поддршка во контролниот натпревар со фудбалската репрезентација на Ерменија.
Македонските фудбалери ги совладаа Ерменците со 3:1. Головите за Македонија ги постигнаа Александар Трајковски во 43. минута, Милан Ристовски во 59. минута и Ердон Даци во 88. минута од мечот. Стрелец за Ерменците беше Едуард Сперцијан во судиското продолжение, од слободен удар.