Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со Д-р Венко Филипче, Јована Тренчевска, Борче Цветков и Соња Мираковска се дружеше со сограѓаните од Здружението на пензионери од Струмица. Во прекрасна и опуштена атмосфера поразговараа за разни нешта кои се од суштинско значење за пензионерите, како и за клучните потреби за унапредување на нивното животно секојдневие.
„Порано денешните пензионери биле млади какви што сме ние, а доаѓаат години кога и ние ќе бидеме на возраст во која денес се тие. Токму затоа, ја негуваме почитта кон лицата во третото доба и сме им благодарни за се што сториле за нас и нашето општество. Таа наша почит е двојна, една кон нивната возраст, и друга кон нивната мудрост. По споделените размисли и ставови станавме побогати за повеќе работи кои го оплеменуваат нашиот светоглед, и со задоволство си рековме „довидување до следната заедничка средба“, порача градоначалникот Костадинов.