Во пресрет на утрешниот ден 20 Октомври – Меѓународниот ден на готвачите, организирано од СОУУД „Димитар Влахов“ – угостителско-туристичка струка, градоначалникот Костадинов учествуваше на натпреварот по готвење.
„Беше тоа мошне интересен и возбудлив натпревар во готвење, во кој се натпреваруваа мешовити двојки од професори и ученици. Една од натпреварувачките двојки ја сочинувавме јас и ученикот Михаил Анастасов, трудејќи се да ги покажеме на дело нашите кулинарски способности“, истакнува Костадинов.
Тој и ученикот Михаил Анастасов подготвија црвената пастрмка. А градоначалникот истакна дека за него овој настан бил прекрасно искуство.