• Fri. Nov 22nd, 2024

Градоначалникот Костадинов во посета на првото новородено бебе во општина Струмица

ByЃ. K.

Jan 2, 2024

Градоначалникот Костадинов беше во Одделението за гинекологија и акушерство го посети првото новородено бебе во општина Струмица.

„Кога новороденчето е здраво и живо, кога мајката е бескрајно среќна поради својата втора рожба, а медицинскиот персонал од Одделението за гинекологија и акушерство презадоволен од својот професионален ангажман, тогаш на градоначалникот не му преостанува ништо друго освен да биде насмеан од радост и исполнет со позитивни емоции.

Штедната книшка со 40.000 денари е само мало внимание за големото раѓање на новиот струмичанец.

Радувајте му се драги мои струмичанки и струмичани на нашиот нов сограѓанин. Нека „повлече нога“ првото струмичко новороденче во 2024 г. и новиот член на семејството Терзиеви, за да се раѓаат уште многу, многу машки и женски здрави и убави деца во преубавата ни општина Струмица“, напиша тој на своите социјални мрежи.

By Ѓ. K.