Во пресрет на големиот празник, децата коледарчиња од Дојран со Бадникова поворка гласно ја вознесоа веста за Христовото раѓање. На овој начин најмалите донесоа радост и ја покажаа убавината на нашата традиција.
Поворката тргна од храмот Св. вмч. Георгиј – Нов Дојран, по улицата „Маршал Тито“ и заврши во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ каде што со голема радост градоначалникот Анго Ангов ги пречека најмалите и им посака среќни празници.