• Sat. Nov 23rd, 2024

Гори депонијата „Шапкар“ – огнот се шири кон посевите на Струмичко поле

Голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци. Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, дојде на местото каде што гори за да види колкава е зафатената површина. Тој информира дека пожарот се проширил на поголема територија, а силниот ветар го проширува кон посевите на АД Струмичко Поле и населеното место Доброшинци. Во моментот пристигнуваат екипи на ТППЕ Струмица и Радовиш, во гаснењето на пожарот учествуваат и екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и механизацијата на АД Струмичко Поле.

„Апелираме на внимателно одвивање на сообракајот кон Доброшинци заради попреченост од настанатиот чад. Апелираме на внимателно одвивање на сообракајот кон Доброшинци заради попреченост од настанатиот чад“, вели градоначалникот Јанев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *