По повод 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево беше домаќин на свечената акамедија на која, Сојузот на просветни работници на Република Македонија, на најдобрите учители им додели признанија за просветен работник на годината во учебната 2015/2016.
Признанија за Просветен работник на годината им беа доделени на вкупно шест учители, меѓу кои и на Горица Русева наставник по одделенска настава во с. Ангелци кое е во склоп на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево. Русева признанието го доби заради резултатите што ги има постигнато како одделенски наставник со децата од Ангелци и Градашорци.
Признание за просветен работник додели и Советот на општина Василево. Тоа признание отиде во рацете на Алма Хасанова – професор по спорт и физичко воспитување во училиштето ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. Општинското признание и се додели заради постигнатите резултати и успеси во областа на спортот со учениците на локално регионално и национално ниво.
По доделувањето на Признанијата свечената академија која започна со изведба на Gaudeamus igitur, продолжи со пригодна културно уметничка програма подготвена од учениците и наставниците од училиштето домаќин.