Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 67,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 0,273 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 38,882 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,761 отсто, кај дизелот за 2,455 и кај екстра лесното масло за 2,227 отсто, додека кај мазутот има намалување е за 1,217 отсто.