УХМР и за денеска прогнозира сончево и многу топло време, со мала локална облачност и умерен ветер од јужен правец. На места температурата ќе се искачи до 40-тиот степен.
Утринската минимална температура се движи во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.
„Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10“, известуваат од УХМР.