Во последното деноноќие регистрирани се шест пожари на отворено.
Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера од 10:30 до 12:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селото Сачево. Со пожарот била зафатена поголема површина, поточно 20 хектари, а интервенирале пет пожарникари со две противпожарни возила, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.