• Sat. Nov 23rd, 2024

Горан Попов – Позитивното лошо момче – документарец на Холандска ТВ

Холандската телевизија го објави промото за документарецот за струмичкиот фудбалер Горан Попов кој настапува за скопски Вардар. Документарецот е насловен како ,, Позитивното лошо момче,, кој ќе се емитува во наредните денови. Документарниот филм за момчето од Сушица кое преку струмичка Беласица настапуваше во клубови во Грција, Србија, Украина, Холандија, Англија е снимено во Скопје, Струмица и неговото родно село со цел автентично да се покаже животот и професионалниот ангажман на Попов. Горан во моментов настапува во Вардар и се смета за најскапо платен фудблер во македонскиот шампионат. Но со документарецот се открива неговиот приватен живот. Се споменува дека Попов е доста темпераментенкој сака да ужива во музика, друштво но и во неговорот родно село Сушица иако има семејна куќа во Струмица. Тој е оженет и има две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *