• Fri. Nov 22nd, 2024

Горан Пандев со донација за струмичката болница

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев деновиве донирал средства во струмичката болница кои како што потврдија од таму ќе бидат искористени за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал. Првиот човек на болницата д-р Наќе Гогов потврди дека од страна на струмичкиот интернационалец се уплатени средства кои ќе бидат наменети за набавка на скафандери, заштитни маски и ракавици според стандардите за зашттита на медицинскиот и придружниот персонал за спречување и ширење на коронавирусот.

,,Неблагодарно е да споменувам износи, но би сакал да упатам благодарност како до него така и до останатите правни и физички лица. Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, заштитни маски, ракавици според стандардите на СЗО за да бидат заштитени здравствените работници кои се на првата ,, борбена’’ линија и најмногу се изложени на ризикот да бидат заразени,, вели Гогов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *