Околу 600 ученици од средни училишта од земјава учествуваат на традиционалната Гимназијада која годинава се одржува во Струмица. Тие денеска и утре на повеќе спортски терени и сали се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и футсал како во машка така и во женска конкуренција за да покажат дека нивната средношколска екипа е најдобра
Годинашнава манифестација е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт. Директорот Наумче Мојсовски на спортските надежи од земјава им посака успех. Според него училишниот спорт е еден од филтирите за професионално насочување во одредена спортска дисциплина
Присутните учесници на Гимназијадата ги поздрави и Елена Магеровска Паликарова член на Советот. Таа им посочи на младите да спортуваат и другаруваат и да понесат убави спомени од Струмица
Ова е четврти пат како Струмица е домакин на завршната манифестација на најдобрите средношколски екипи од земјава .