• Fri. Nov 1st, 2024

Германски работодавци со повик до Владата: Ни требаат работници од Западен Балкан

Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение на работодавци, предупредил дека во следните неколку години 150 000 градежни работници ќе заминат во пензија и дека е се потешко да се најде соодветно образована и обучена замена. 

Германските работодавци ја предупредуваат владата дека без поголема имиграција на работници од Западен Балкан, компаниите нема да можат да најдат соодветна работна сила. 

Херман Шулте Хилтроп го поздравил продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25 000 работници годишно. 

„Ако изгубиме 50 000 работници годишно, онолку колку што досега стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021 можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи“, вели Хилтроп. 

Тој посочи дека стравувањата дека работниците од Западен Балкан ќе го оптоварат германскиот социјален систем или дека ќе одземат работни места од германските  работници биле неоправдани, посочувајќи студија на германското министерство за труд, која покажа дека нема негативни последици, туку сосема спротивно. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *