Сосема е веројатно да има втор бран на корона-вирусот, смета германскиот виролог Кристијан Дростен, пренесе А1он.
Дростен кој е водител на берлинскиот институт за вирологија, рекол дека не смее корона-вирусот да се смета за поразен.
„Ние сме на средина на развојот на ситуацијата, ако не и на почетокот“ – изјавил Дростен.
За постепеното олабавување на мерките во разни земји, тој смета дека Австрија имала построги мерки од Германија, а Шведска, на пример, може да ги промени мерките поради зголемувањето на смртните случаи.
Дростен препорачува повеќе престојување на отворено отколку во затворени простории, бидејќи шансите за пренесување на инфекцијата се помали надвор.