• Fri. Nov 22nd, 2024

Германската влада одобри Audi и Airbus да започнат со тестирање на прототип на летечки такси автомобил, во воздушниот простор во Инголштат.

Двете компании веќе го претставија својот заеднички концепт за летечко такси „Pop.Up Next“, со две седишта, кој користи погонски систем сличен како и дроновите.

Ако тестовите поминат успешно, летечкото такси би требало да го реши проблемот со големите сообраќајни гужви на германските патишта, а со тоа ќе се отклучи и нова гранка во високо технолошката индустрија.

„Летечкото такси повеќе не е визија, тоа може да не одведе во нова димензија на движење. Тоа е огромна прилика за компаниите кои веќе ја развиваат оваа технологија, многу конкретно и успешно“, изјави министерот за сообраќај во владата на Германија, Андреас Шојер.

Концептот „Pop.Up Next“ се движи со помош на електромотор, кој располага со 27 коњски сили, а кој се полни со батерии од 70 kWh.

Секако, Audi не е единствениот произведувач на автомобили кој вложува во овој вид на технологија.

Daimler веќе ги здружи силите со германската компанија Inter Crop, која изработи електричен хеликоптер, кој наликува на дрон под назив Velocopter.

извор:www.kajgana.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *