• Fri. Nov 22nd, 2024

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат таму.

На таа листа се и округот Лика-Сењ во Хрватска и регионот Нотрањско-крашки во Словенија, пренесува хрватскиот портал „Индекс“. Нови на  списокот што е објавен денеска се Чешка и некои други региони на Франција и Португалија, пренесува „Ројтерс“.

Според Министерството за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устецки и Моравија-Шлезија, во француските региони на долината на Лоара, Бретања и Нормандија и пошироката област на португалскиот главен град Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во области каде што бројот на заразени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области во коишто се предупредува да не се патува.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *