Децата од ФК Брера, генерација 2009 и 2011 изминатите три дена учествуваа на меѓународниот турнир Трофео Локарно во Швајцарија.
И со двете генерации Брера се претстави во извонредно светло, каде што на најдобар начин ја презентираа државата и својот клуб.
Со генерација 2011 го освоија одличното 3 то место(во 1/2 финалето изгубија на пенали), а за најдобр голман на турнирот беше прогласен Васко Христов.
Генерација 2009 се шампиони и заслужено го освои првото место каде што децата го одиграа одлично целиот турнир, а најдобриот играч на турнирот е Антонио Сталески.
Во финалето ја Брера ја победи екипата на ФК Локарно со 2:0.
Од клубот упатија голема благодарност до организаторите за поканата и до македонските семејствата кој што живеат во Локарно за одличниот пречек и за подршката што им ја дадоа овие три дена во Швајцарија.