Гевгелија- домаќин на Европскиот футсал.
Во периодот од 21 до 25 август, 2021 година,општина Гевгелија ќе биде град- домаќин, каде ќе се одржи спортскиот настан со меѓународен карактер. Прелиминарна рунда во футсал „Лига на шампиони“.
Натпреварите помеѓу домашниот претставник- Футсал клубот КМФ „Проект“ од Јосифово и клубовите од Европа, односно од Малта, Велс и Израел, ќе бидат одиграни во Спортската сала „26 Април“ („Солун 53“). Покровител на настанот е УЕФА- Футсал Лига на шампиони. – Покрај спортската парола „Европски фудбал во Гевгелија“, овој Меѓународен настан има за цел да ја промовира и афирмира општина Гевгелија со туристичкиот потенцијал на градот. Користење на хотелско-угостителската понуда, а најважно од се е што граѓаните од Гевгелија и соседните општини ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневен спортски спектакл.
Според протоколите за присуство на публика и новите вонредни мерки на Владата на РСМ за заштита на граѓаните од КОВИД-19, на спортските натпревари ќе дозволено присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Односно ќе можат да присуствуваат по околу 500 гледачи на натпревар, со евиденција за извршена имунизација, барем со една доза вакцина против КОВИД-19. Присуството ќе биде со влезница.
Општина Гевгелија логистички го поддржува настанот, за што во договор со претседателот на КМФ „Проект“- Јосифово, ќе се обезбедат сите предуслови за неговото одржување како град-домаќин.