• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгелија доби камион за комунален одпад, донација од Турција

Претседателот на Големото Собранието на Република Турција, Мустафа Шентоп, на свеченоста што се одржа во саботата во кругот на Балканскиот универзитет во Скопје, свечено му ги предаде на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков клучевите од камионот за комунален отпад. Имено, Заедницата на турските општини од Анкара и донираше на општина Гевгелија камион за дистрибуција на комунален отпад Форд-карго. Донацијата беше најавена при јулската посета на Мустафа Шентоп, кој инаку потекнува од Мрзенци, Гевгелиско.
-На овој начин само го потврдуваме пријателството меѓу двете земји, а посебно воспоставената соработка со општина Гевгелија. Очекувам оваа соработка да продолжи и да биде унапредена, пред се, на економски план. Но, и на сите други полиња, така што со донацијата сакаме да помогнеме во подобрувањето на комуналната инфраструктура во општината, рече претседателот на Големото собрание на Турција Мустафа Шентоп, потсетувајќи на своите корени. Имено, неговата фамилија од таткова страна потекнува од Мрзенци, а од мајка му од Богданци, кои се иселиле во 1926 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков заблагодарувајќи се на донацијата истакна дека донираното комунално возило за дистрибуција на комунален отпад, ќе придонесе за проширување, но и дооформување на возниот парк на ЈПКД„Комуналец“. Притоа, тој ја истакна заинтересираноста и подготвеноста на општина Гевгелија за проширување на соработката со туриските компании на економски план. Неколку компании веќе работат во нашата општина, но, воспоставената соработка со првиот парламентарец на Република Турција очекуваме да претставува значаен поттик за идната соработка, рече Поцков.
Камионот за дистрибуција на комунален отпад е со носивост од 9.000 метри кубни, а вредноста му 85.000 евра и веднаш ќе биде вклучен во возниот парк на ЈПКД„Комуналец“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *