Денес започна постапка за набавка на нови улични обележја за Општина Гевгелија. Од општината велат дека откако советот изгласа имиња за неименуваните улици се појави потреба за нивно обележје и нумерација на живеалиштата и сметаат дека новите информативни табли значително ќе ја подобрат информираноста на граѓаните.