С.Д. (29) од Гевгелија вчера потешко се повредила откако паднала од својот мопед.Според информацијата од СВР Струмица, вчера во 14:10 часот било пријавено во Полициската станица во Гевгелија дека гевгеличанката управувајќи мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки изгубила контгрола и со мопедот паднала на коловозот.
Заради сериозноста на повредите била пренесена на лекување во струмичката болница, а увид на местото на местото на сообраќајката извршила екипа на полицијата од Гевгелија.