Гевгелиските љубители на убавиот пишан збор уживаа во топлата летна вечер со афоризми на македонски автори.
Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и во рамки на „Гевгелиско културно лето“, пред гевгеличани со свои афоризми се претставија: Атанас Крлевски и Кире Василевски од Велес, Ружа Стоилова, Ленче Стојменова и Јане Атанасов од Кочани и Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски од Струмица.
За настанот да биде и музички покриен, се погрижи Теодора Гошева Капсарова- Теда. Модератор на „Вечер на афоризам“ беше Јасмина Ѓорѓиева.