Екипата на Кожув, попладнево гостува во Софија кај Левски во натпревар од последното коло од четвртфиналната група Д од БИБЛ лигата. Со евентуална победа против бугарскиот состав, гевгеличани ќе може да се надеваат на полуфинале во спротивно ќе мора да го чекаат исходот од дуелот Пеќ и Сигал. Гевгелиската екипа има скор од две победи и три порази како и косовскиот тим Пеќ и го делат второто место по овие средби се одлучувачки за втората позиција. Средбата Левски – Кожув ќе започне од 18 часот и 30 минути. Гевгеличани се единствените македонски преставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ)