• Fri. Nov 22nd, 2024

ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ИНТЕРВЕНИРАА СО ТРИ ВОЗИЛА ВО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ДОЈРАН

Територијалнат противпожарна единица од Гевгелија со три возила и седуммина пожарникари интервенираше во текот на вчерашниот ден при гаснењето на пожарот кој зафати неколку хектари нискостеблеста шума од прнар и сува трева над гроздовите насади во близина на селото Ѓопчели на патот Валандово -Дојран.

Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Гевгелија, учествуваа и пожарникари од доброволното пожарникарско друштво од Дојран со едно возило и двајца пожарникари, како и од противпожарната единицата од Валандово, исто така со 1 возило и двајца пожарникари.

Исто така во гаснењето учествуваше и седумчлена екипа на Шумското стопанство „Кожуф“ со едно противпожарно возило, која и во овој момент е на лице место.I
Како што не информираа од ТППЕ Гевгелија, на истото место пред неколку дена, исто така гореше нискостеблеста шума и трева, така да тие уште еднаш апелираат до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *