На денешната јавна презентација на Систем 48 соопштија дека во текот на месец март преку овој систем од страна на граѓаните биле пријавени 20 барања, од кои најмногу – 12 се однесувале на уличното осветлување, 5 до ЈПКД„Комуналец“, а 3 за инспекциски надзор. Инаку, во март месец имало дури 217 интервенции на уличното осветлување, при што 130 прегорени сијалици биле заменети со 70 ватни натриумови и 40 ватни штедливи сијалици.
Покрај ваквите секојдневни интервенции, во месец март било извршено и поставување на нова линија на осветлување во Смрдлива вода, во должина од 372 метри, со 7 нови сијалични места. Така, што е обезбедено целосно осветлување на оваа туристичка населба. Нова линија е поставена и во Габрово, во должина од 450 метри, каде што се инсталиран 3 нови светлечки места. Целосно е осветлено и игралиштето кај Расадник во Гевгелија, каде што се поставени 8 нови рефлектори и 28 нови сијалични места.