Радовиш годинава за првпат организира Радовишки детски карневал. Досегашниот маскенбал за 1 април, порасна во карневалска манифестација. Организатор на манифестацијата е Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш, а главен покровител општина Радовиш. Овој настан е во склоп на чествувањето 1000 години Радовиш.