Во темни улици без никакво улично осветлување. Вака втора недела се живее во струмичкото село Габрово. Жителите на Габрово реагираат дека по големото невреме околу илинденските празници настанал проблем со електричната енергија и оттогаш немаат улично осветлување.
Ванчо Велков, жител на село Габрово, вели дека ова е голем проблем за селото. Бидејќи движењето е небезбедно особено за постарите лица. Тој апелираше дека по невремето селото 30 часа воопшто немало елетрична енергија, а откако ЕВН го санирал проблемот, никој не дошол да го поправи и уличното осветлување.
Се јавивме во струмичкиот сервис систем 48 да ги прашаме зошто не е реагирано за осветлувањето, но, никој не одговори на повикот.