• Sat. Nov 23rd, 2024

В понеделник пиротехничари ќе бараат други гранати на местото каде пред два дена пронајдоа 60 од нив

Во понеделник продолжува акцијата на дирекцијата за спасување и заштита во гевгелиско село Богородица ,каде само пред два дена пронајдени 60 артилериски гранати од првата светска војна.Местото каде се претпоставува дека имало стационар е насипано со повеќе кубни метри земја ,па затоа е и отежната работата.

Пиротехничарот кој работи на отстранување на гранатитете вели дека в понделник се очекува да се работи на терен со помош на механизација.Гранатитете имале разорна моќ што при било каква катасрофа би де случила и голема несреќа.

Локацијата е откриена сосем случајно кога на ова место сопственикот на плацот донел багер за ископ на темели на куќа.Случајно ги забележал првите 5 гранати а за кратко време службите открија десетици други.

Митров калкулира со бројка од околу 400 гранати , но веќе наредната недела по завршувањето на теренската работа ќе се знае и точната бројка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *