• Fri. Nov 22nd, 2024

Вчера казнети дури 801 возач за брзо возење во земјава (видео)

ByВане Трајков

Aug 15, 2022

Во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 801 возач. Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *