• Sat. Nov 23rd, 2024

Второ прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 29.07.2018 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *