• Fri. Nov 22nd, 2024

Второстепената комисија ја одби жалбата на Еуромакс за рудникот Иловица

Државната второстепена комисија за одлучување во управни постапки ја одбила жалбата на компанијата концесионер на рудникот Иловица, Еуромакс Рисорсис. Според објавите на граѓанските активисти на социјалните мрежи, со тоа се потврдува одлуката на Владата да се раскине договорот со Еуромакс, што беше донесена на почетокот од јули. Граѓанските активисти уште тогаш изјавија дека не постои друго прифатливо решение за нив, после повеќенеделните протести над браната Иловица, кај пристапниот пат до рудникот.

Од компанијата Еуромакс засега не прецизираат дали ќе поднесат тужба против државата. Доколку се одлучат да тужат, ова ќе биде втора тужба по онаа на Сардич МЦ, за рудникот Казандол во Валандово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *