Македонија не настапи на Евросонг 2023, а нема да учествува на најголемото музичко натпреварување ни 2024 на изборот во Малме, Шведска.
EBU ја објави официјална листа од 37 земји кои ќе се натпреваруваат во 2024, но Македонија не е меѓу нив.
Меѓу земјите, чии претставници ќе ги чуеме за време на трите фестивалски вечери, се најдоа Албанија, Ерменија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство.
Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога наш претставник беше Андреа Коевска, со песната Circles.