Временските услови поволни за земјоделството
Позитивните утрински температури и температурите во текот на денот од околу 18 – 20 степени, неделава ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, меѓуредова обработка и заштита од болести и штетници, велат агрометеоролозите.
Временските услови, додаваат, се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството – нега на леите за производство на расад.
-Времето е поволно и за подготовка на површините за пролетна сеидба, истакнуваат од УХМР.
Според агрометеоролозите, и утринските температури кои на некои места е можно да бидат под нулата, се во границите на издржливост на земјоделските култури и нема да предизвикаат измрзнување.