Во сите општини од југоистокот коалицијата на СДСМ освои најмногу советнички мандати е исходот од неделните локални избори. Освен социјалдемократите, советници ќе има и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ а во дел од општините од овој дел на државата советничко место ќе има за Демократската партија на турците но и за независните листи за советници .
Во Струмица коалицијата на СДСМ има 14 советнички места додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ 9. Сигурно мнозинство СДСМ има и во Валандово каде осови 9 мандати наспроти 6 те на ВМРО ДПМНЕ. Во Богданци соодносот е 7:4 а во Дојран 5:4. Еден советник повеќе, коалицијата на СДСМ ќе има и во општините Василево, Босилово и Ново село . Во сите овие три општини СДСМ ќе има 8 советника а коалицијата на ВМРО ДПМНЕ по 7.
Во општините Гевгелија, Радовиш и Конче во новите Совети ќе партиципираат независни советници и кандидати од Демократската партија на турците. Во Гевгелија СДСМ освои 10 мандати, ВМРО ДПМНЕ 7 а два мандата одат кај независната листа предложена од Томе Ќичуков.
Во Конче владеачката СДСМ ќе има 5 советника, ВМРО ДПМНЕ 3 и еден Демократската партија на турците.
Во сите овие општини комбинаториките тврдат дека СДСМ ќе го има мнозинството во Советите. Најнеизвесно ќе биде во Радовиш. Таму СДСМ доби 8 мандати, 7 освои коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, два листата за советници предложена од Горан Поцев, и по еден ДПТ и листата на Игор Петков. Во Радовиш токму незавинсите ќе одлучуваат кој ќе го има приматот во Советот дали социјалдеморкатите или коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.